Демонстрантите си заминуваат, не дочекаа Вучиќ да излезе од РТС

Фото: Твитер/Еден од пет милиони

Иако беше најавено дека демонстрантите ќе го чекаат излегувањето на српскиот претседател од српскиот национален сервис РТС, луѓето кои стоеја пред зградата на телевизијата во Белград почнале да си заминуваат, пренесува „Н1“.

Организаторите на протестот „Еден од пет милиони“ и граѓаните се собраа пред зградата на РТС, поради најавеното гостување на Александар Вучиќ во емисија, и рекоа дека сакаат да му постават неколку прашања, но по иницијалните мали инциденти, изгледа дека ситуацијата во главниот град на Србија е смирена.

Според информациите од локалните медиуми, за време на протестите и контрапротестите имало мали инциденти, кога двете собрани групи тргнале една кон друга и биле забележани мали турканици и дофрлања, но полицијата не дозволила ескалација на состојбата. Станува збор за две групи, една која скандирала против лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас, а други против Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот