Демонстрантите и полицијата се судрија во Хонгконг

фото: ЕПА

Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија денеска во Хонгконг, кога полициски групи опремени со штитови и гумени палки започнаа операција за растерување на насобраниот народ во континенталниот дел на енклавата, објавија локалните медиуми.

Секоја сабота се одржуваат редовни антивладини протести во различни делови на Хонгконг. Во некои квартови собирите не се дозволени и полицијата се обидува да ги растера демонстрантите.

Илјадници провладини активисти одржаа голем патриотски митинг во центарот на градот во поддршка на властите и полицијата. Демонстрантите носеа кинески знамиња, ја пееја химната и ги осудија радикалните активисти за нивните провокации, насилство и судири.

Пред повеќе од два месеца во Хонгконг избувнаа масовни протести против законот за екстрадиција, а потоа беа побарани и други демократски права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот