Демонстрантите ги искршија прозорците на Градската куќа во Нови Сад (ВИДЕО)

Фото: Screensjot/Nova.rs

Демонстрантите во Нови Сад вечерва со камења ги искршија прозорците на Градската куќа, а претходно ја искришја и влезната врата на зградата на РТ Војводина, при што едно лице беше повредено.

Брзата помош интервенирала во РТВ, а пожарникарите интервенирале пред Градското собрание.

Дел од граѓаните вечерва останаа пред РТВ, додека другиот дел од демонстрантите се упатија кон Градското собрание и по пат со камења ги нападнаа и просториите на владеачката СНС, кршејќи ги прозорсите од просториите.

Граѓаните пред Градското собрание извикуваа „Вучиќ, каде си” и „Многу не има”, а упатуваа и навреди кон српскиот претседател и лидер на СНС.

Демонстрантите, инаку, се собраа вечерва во 18 часот на протест против најавеното воведување полициски час. Тие, исто така, и синоќа протестираа по вонредната конференција на српскиот претседател, за која, како што велат, била и поддршка за демонстрантите во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот