Демонстрантите формираа 50 километарски „Хонконгски синџир“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Демонстрантите кои со недели протестираат во Хонг Конг се собраа на улиците држејќи се за раце, формирајќи човечки синџир како на протестот против советското владеење во балтичките земји пред 30 години.

Илјадници демонстранти на протестите наречени „Хонгконгски синџир”, држејќи се за раце, ги пополнија метро станиците и улиците.

Некои од нив со телефони ги осветлуваа улиците.

Организаторите се надеваа дека синџирот ќе ја следи линијата на метрото од 40 километри.

Тоа беше последниот собир на движењето што започна пред 11 недели со повик за укинување на сега суспендираниот закон за екстрадиција, а потоа се прошири на барање демократија и независна истрага за наводна полициска бруталност за време на протестите.

Организаторите наведуваат дека синџирот бил инспириран од „Балтичкиот синџир”, мирни политички демонстрации што се случија на 23 август 1989 година, кога околу два милиона луѓе се фатија за раце во човечки ланец долг 600 километри преку три држави – Естонија, Латвија и Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот