Демонстранти во Каталонија НАПАДНАЛЕ шпански медиуми: ФРЛАЛЕ предмети, влегувале во кадар и ги навредувале (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Сепаратистите во Каталонија нападнале четири новинари од шпанските медиуми за време на протестите пред регионалниот Парламент во Барселона, како што е покажано на снимките објавени еден ден подоцна, кога тие случаи ги осудило шпанското здружение на новинари.

Новинарката Анхела Гарсиа Ромеро од шпанската јавна телевизија РТВЕ е удрена со камен или лименка, додека во среда пренесувала во живо од местото на настанот.

Во кадарот влегувале демонстранти што пречеле на снимателот и емитувањето.

Диана Мата, новинарка за приватната телевизија Антена 3 и нејзиниот снимател исто така се навредувани, а биле и физички спречувани за време на преносот, јавува Еуропианџурналистс.орг.

Фото: Принтскрин

„Агресијата претставува неприфатлив напад на слободата на истражување и информирање, кои се темелите на демократијата. Овие нови напади над новинарите потврдуваат дека во Каталонија слободното известување се соочува со големи ограничувања“, известила во четвртокот Шпанската федерација на новинарски здруженија (ФАПЕ).

Во среда на улиците во Барселона се собрале околу 600.000 демонстранти, кои го одбележувале националниот ден на Каталонија, соопштила градската полиција. Тој собир поминал без инциденти.

Фото: Принтскрин

Но, околу 1.000 лица се организирале преку социјалните мрежи и се собрале пред Парламентот, барајќи оставка од политичарите на власта, обвинувајќи ги за предавство на идејата за самостојна Република Каталонија. На овој собир интервенирала и полицијата, која на влезот на Парламентот поставила метални бариери.

Фрлани биле лименки и димни бомби.

„Тој протест и таа група на луѓе не беа дел од организираната програма на националниот ден Диада. Тие немаат врска со организаторите“, рекол бившиот претседател на каталонската влада, Артур Мас при гостувањето на јавната телевизија РТВЕ и го осудил нападот врз новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот