Демонстранти во Боливија со боја и ножици го „истурија“ гневот врз градоначалничка од власта

Фото: EPA-EFE/Jorge Abrego

Градоначалничка на мал град во Боливија беше нападната од демонстранти на опозицијата кои потоа ја влечеа боса низ улиците додека беше покриена со црвена боја и насилно ѝ ја скратија косата, пренесе Би-Би-Си.

Патрисија Арсе од владеачката партија Мас беше предадена на полицијата во Винто по неколку часа. Ова е последниот развој на настаните во судирите меѓу полицијата и опозицијата по контроверзните претседателски избори. Досега загинаа најмалку три лица

Група на антивладини демонстранти го блокираа мостот Винто, мал град во провинцијата Кочабамба во централна Боливија, како дел од нивните тековни демонстрации по претседателските избори кои се оддржаа на 20 октомври.

Се проширија гласини дека двајца демонстранти од опозицијата се убиени во судирите со поддржувачите на актуелниот претседател Ево Моралес, што предизвика налутена група на демонстранти да тргнат кон градското собрание во Винто.

Демонстрантите ја обвинија градоначалничката Арсе дека со автобус донела поддржувачи на претседателот и се обидела да ја отстрани блокадата, а потоа ја обвинија и за смртта на демонстрантите.

Додека дел од демонстрантите извикуваа „убиец, убиец“, маскирани мажи ја извлекоа Арсе и ја влечеа низ улицата до мостот. Таму ја натреаа да се наведне, ѝ ја скратија косата и ја прекрија со црвена боја. Потоа ја примораа да ја потпише нејзината оставка.

Евентуално, таа беше предадена на полицијата која ја пренесе во локалната болница.

Што стои зад судирите?

Тензиите во Боливија се високи уште од изборната ноќ, кога броењето на гласовите беше запрено во период од 24 часа. Оваа суспензија предизвика сомненија меѓу поддржувачите на опозицискиот кандидат Карлос Меса дека резултатите се наместени во прилог на Ево Моралес, кој раководи со земјата од 2006 година.

Последните резултати му дадоа на Моралес предност над 10 процентни поени, предност која му беше неопхода за да победи во привот круг на претседателските избори.

Моралес го обвини Меса за државен удар, а поддржувачите и на едниот и на другиот политичар се судрија во Ла Паз и другите градови ширум земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот