Демонстранти во Баку бараа војна со Ерменија, полицијата ги растера

Единаесет азербејџански борци и цивил се убиени во пограничните судири од неделата.

Азербејџанската полиција растера илјадници демонстранти кои се собраа во главниот град Баку, синоќа во знак на поддршка на армијата, откако 11 војници беа убиени во граничните судири со Ерменија.

Вкупно 16 лица загинаа од неделата во најтешките борби во изминатите години помеѓу двете држави во јужен Кавказ, предизвикувајќи стравувања од големи немири во регионот.

Со децении, поранешните советски држави се во остар конфликт во врска со отцепениот регион на Азербејџан, Нагорно-Карабах, кој беше заземен од етничките ерменски сепаратисти за време на војната во 1990-те во која загинаа 30.000 луѓе.

Во најголемиот митинг на Азербејџан во изминатите години, демонстрантите бараа армијата да биде мобилизирана за да го заземе Нагорно-Карабах.

Јавните настани во моментот се забранети во Азербејџан, како дел од ограничувањата за забавување на ширењето на коронавирусот.

Демонстрантите маршираа кон парламентот, а некои влегоа во зградата, што предизвика одговор на полицијата кои користеа водени топови за да ја растераат толпата.

Единаесет азербејџански борци и цивил се убиени во пограничните судири од неделата.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Сушан Степанјан денеска изјави дека ситуацијата на границата „е мирна”.

Азербејџан, чии воени расходи се над целиот државен буџет на Ерменија, во неколку наврати се закануваше дека ќе ја врати контролата врз Нагорно-Карабах со сила.

Ерменија, од своја страна, вети дека ќе уништи каква било воена офанзива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот