Демонстранти починале откако вдишале солзавец

Тројца демонстранти се убиени, а 25 се ранети во текот на судирите со силите за безбедност во близина на стрешки мост во Багдад, јавија ирачки официјални претставници.

Болнички извори наведуваат дека три лица биле убиени денеска во багдадската улица Рашид.

Двајца демонстранти починале од вдишување солзавец, а еден бил погоден кога безбдносните сили отвориле оган, пренесуваат американските медиуми.

До судири дошло после некои од најсилните судири меѓу антивладините демонстранти и бебедносните сили, кога беа убиени најмалку 10 демонстранти во близина на мостот Ахрар.

Ирачките антивладини протести ескалираа на 1 октомври, а демонстрантите зазедоа неколку багдадски плоштади и делови на три моста кои водат до утврдената Зелена зона, седиштето на ирачката Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот