Демонстранти на аеродромот во Хонг Конг испраќаат пораки до туристите: Дојдовте во скршен и разрушен град (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Демонстранти денеска влегле во зоната за пристигнување на аеродромот во Хонг Конг, каде на посетителите им делеле флаери и истакнувале транспаренти на десет јазици, за туристите, воочи протестите планирани за викенд ширум градот, да се запознаат со ситуацијата во тој град и со своите барања.

„Ве молиме да ни простите. Дојдовте во скршен, разрушен град, а не во онаков каков што сте замислувале. Сепак, ние се бориме за овој Хонг Конг“, гласи една од пораките.

Раководството на аеродромот во Хонг Конг од порано денеска соопштило дека само на патниците кои заминуваат и на оние кои имаат пасоши ќе им биде дозволено да влезат во терминалот, откако демонстрантите најавиле тридневен протест.

Хонг Конг денеска се обидел да ги увери посетителите дека градот кој во 1997 година е вратен под кинеска власт е безбеден, откако неколку земји издадоа предопредување за безбедност во врска со протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот