Демонстраните во Белград запреле возило на Брзата помош, реагираше министерот за здравство

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание.

Тој побара итна реакција од надлежните државни органи со цел да им се овозможи на сите здравствени работници непречено да ја извршуваат својата работа.

– Барам итна реакција од сите надлежни државни органи да ги санкционираат сите оние кои неовластено ги кршат основните човекови права и само од причини што ним им се познати, не дозволуваат Брза помош да превезува пациенти низ улиците на Белград, истакна Лончар во писмена изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот