Демонстрации во Бејрут по големата експлозија: Полицијата со солзавец и водени топови ја растеруваше толпата (ВИДЕО)

Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Во Бејрут синоќа повторно се одржаа протести против владата, овојпат и заради големата експлозија во главниот либански град која одзема многу животи и остави уште повеќе луѓе повредени.

Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Демонстрантите се собраа блиску до парламентот каде се судрија со силите за безбедност, при што полицијата во повеќе наврати употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата.

При протестите биле запалени неколку помали пожари и со камења ги гаѓале полицајците. Либанските државни медиуми пренесуваат дека неколку луѓе се повредени за време на протестот.

Многу од демонстрантите сметаат дека невниманието на владата довело до експлозијата во пристаништето на Бејрут.

Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER
Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Притоа оставка поднесе либанската амбасадорка во Јордан и пратеникот Марван Хамадех.

„На страна експлозијата, знаеме дека овде кризата е сериозна и вклучува историска одговорноста на сегашните лидери“, им рече претседателот на Франција, Емануел Макрон откако вчера пристигна во либанската престолнина.

Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО)

Луѓето на улиците го повикуваа да им помогне да се „ослободат од сегашната власт“, но и од проиранската шиитска група која е дел од владејачката структура.

Либанците побараа од Макрон да ги спаси од корумпираната власт/ 6. август 2020/ Фото: EPA-EFE/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

„Претседателе Макрон, ослободете не од Хезболах“, побараа Либанците.

Во црна вратоврска, симбол на жалење и опкружен со телохранители, Макрон вети дека ќе испрати дополнителна медицинска и останата помош за Либан, а еден човек му возврати дека се надева дека „помошта ќе ја добијат луѓето, а не корумпираните власти“.

Анти-владини протести во Бејрут / 6 август 2020 / Фото: EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Либан се соочува со распадната економија, домашни банки во криза, валута во слободен пад, долговите се трупаат, а Макрон на незадоволните луѓе исто така им рече дека „го разбира нивниот бес“ и дека „нема на режимот да му даде бланко чек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот