Демонстрации на националистите и десничарите против Зеленски во Киев

Фото: Принтскрин

Илјадници крајни украински десничари и националисти демонстрираа на улиците во Киев против претседателот Володимир Зеленски и неговиот мировен план за источна Украина, пренесуваат светските медиуми.

Како што јавува агенцијата АП, полицијата ги распоредила силите на клучните пунктови во градот, додека 10.000 демонстранти минувале под украинските жолто-сини знамиња, одбележувајќи го на тој начин Денот на одбраната на татковината.

Зеленски порано денеска ги повика учесниците во демонстрациите да не предизвикуваат насилство и ги предупреди на потенцијални провокации оние кои сакаат да предизвикаат хаос.

Демонстрациите ги предводеа луѓе облечени во црна облека и со бели маски, кои носеле бакли и извикувале „Слава за Украина“, „Нема капитулација“.

Учесниците во конфликтот на исток во Украина со проруските сепаратисти, во кои починале најмалку 13.000 луѓе, барале од Зеленски да не ја повлекува војската од тој регион, да не дозволи одржување на локални избори и да не амнестира проруски сепаратисти, што се делови од порано договорениот мировен план кој украинскиот претседател настојува да го оживее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот