Демолиран турски споменик во Тирана (ФОТО)

Топ Чанел

Споменикот поставен во Тирана во чест на жртвите кои се спротивставија на обидот за пуч во Турција бил скршен. Споменикот е оштетен странично, додека албанската полиција го опколи местото каде што се наоѓа споменикот.

Топ Чанел дознава дека настанот се случил рано изутринава. Поставувањето на овој споменик во вештачкото езеро во Тирана беше проследено со бројни реакции, главно на социјалните мрежи. Спомен-обележјето е посветено на жртвите од обидот за пуч во Турција на 15 јули 2016 година против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Пучот не успеа, додека Ердоган го обвини својот поранешен пријател, свештеникот Фетулах Ѓулен, како автор на нападот, јавува Топ Чанел.

Топ Чанел
Топ Чанел
Топ Чанел

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот