„Демократско цунами“ подготвува бран на протести во Каталонија пред „Ел Класико“

Каталонската платформа „Демократско цунами” денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу”, каде ќе се игра најголемото шпанско фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Во соопштението, „Демократско цунами“ нагаласува дека повеќе од 18.000 луѓе веќе го потврдиле своето учество преку социјалните мрежи. Платформата ги покани демонстрантите на четири места околу стадионот во 16 часот, само четири часа пред да започне натпреварот. Не откри детали за најавената акција.

Во октомври, Демократско цунами собра 25.000 демонстранти на меѓународниот аеродром „Ел Прат”, каде се судрија со полицијата додека се обидоа да го блокираат аеродромот и да го прекинат воздушниот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот