7 C
Скопје

Демократскиот сојуз бара од Османи да му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор

Демократскиот сојуз жестоко ја осудува изјавата на потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Красимир Каракачанов, дека ќе испрати инженериски полк на бугарската армија или членови на организацијата ВМРО која ја предводи, за да ги отстрани спомениците во РС Македонија на кои има табли дека станува збор за жртви на бугарскиот фашистички окупатор.

„Скандалозно и непримерно е министер за одбрана на членка на НАТО во која членува и нашата држава, да дава вакви изјави насочени кон својот сосед со кој Бугарија официјално декларира дека сака да негува добрососедски и пријателски односи. Република Бугарија и РС Македонија се сојузници во НАТО алијансата во која безбедноста, мирот, добрососедската соработка се основни вредности и принципи а изјавите за испраќање воени единици ги будат мрачните духови на минатото.

(ВИДЕО) Каракачанов: Договорот јасно кажува дека фалсификатите во врска со историјата мора да се расчистат

Ставовите на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов, како и на европратеникот од владеачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, во кои се доведува во прашање прославата на 11-ти октомври, денот на востанието против фашистичкиот окупатор како услов за поддршка на официјална Софија за нашето евроинтегрирање, се навреда за македонскиот народ, кој ја извојува својата национална слобода во Втората светска војна во борбата против фашизмот.

Република Бугарија треба да се соочи со историската вистина дека во текот на Втората светска војна монархистичкиот режим на бугарскиот цар Борис бил сојузник на фашистичка Германија, го потпиша Тројниот пакт, а за возврат од фирерот Хитлер доби награда да ги окупира териториите на Вардарска Македонија, Беломорска Тракија и Егејска Македонија. Дека станува збор за окупација на територијата на денешна РС Македонија, сведочат и документи на бугарската армија и изјави на тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, кои се јавно достапни на интернет.

Демократскиот сојуз смета дека бугарскиот народ и современата бугарска држава треба да демонстрираат дека немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на цар Борис. Европската унија почива врз принципите на извојуваната слобода во борбата против фашизмот и обидот да се негира фашистичката окупација и да се претстави како ослободување во најмала рака е антиевропски и антицивилизациски чин.

Демократскиот сојуз смета дека најмалку што треба да направи министерот за надворешни работи на РС Македонија, Бујар Османи, е да го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во нашата држава и да му врачи протестна нота, усмена или писмена, за прекршување на дипломатските правила на однесување на високиот претставник на бугарската Влада. Очекуваме и премиерот на пријателска и сојузничка Република Бугарија, г. Бојко Борисов, да се огради од ваквите изјави на потпретседателот Каракачанов.“, изјавија од Демократскиот сојуз.

Прочитајте и...  Жените ако сакаат, ќе се пензионираат на 62 години, а можат и на 64

Поврзани вести

Германија веќе се подготвува за нова пандемија

Слободен печат

ВИДЕО: Историски чекор кон декриминализација на марихуаната во САД

Слободен печат

Вирусолог од Вухан: Во Азија има уште коронавируси кои можат да се пренесат на луѓето

Слободен печат

Судот го презакажа судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Илинка Иљоска

Села: Одредени пратеници ќе ја злоупотребуваат можноста за онлајн-присуство

Слободен печат

Николов: Изградба на 100 типски куќи за социјално ранливите, во 21 век секој заслужува топол дом

Слободен печат

Остави Коментар