25 C
Скопје

Демократски сојуз со јавен повик за кандидати за градоначалници и советници

Кандидатите за градоначалници ќе треба да подготват изборна програма (2021-2025) во која ќе бидат опфатени локалните проблеми – инфраструктурни, економски, образовни, здравствени, културни, спортски итн. и да предложат проекти и мерки за нивна реализација.

Претседателството на Демократскиот сојуз одлучи да објави јавен повик за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за Градот Скопје и општините во државата, за претстојните локални избори кои треба да се одржат во септември годинава.

-Како демократска партија сакаме да мотивираме кандидати за градоначалници и советници кои не се партиски определени, но се докажани професионалци, кандидати со менаџерски способности, а пред се со висок морален интегритет, отпорни на коруптивни влијанија, почитувани во средината каде што работат и ги познаваат потребите на граѓаните во општината, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ДС, Зоран Димитровски.

Кандидатите за градоначалници ќе треба да подготват изборна програма (2021-2025) во која ќе бидат опфатени локалните проблеми – инфраструктурни, економски, образовни, здравствени, културни, спортски итн. и да предложат проекти и мерки за нивна реализација. Програмата треба да биде резултат на проучување и анализа на состојбите и да биде изработена во соработка со граѓаните, компаниите, невладиниот сектор и експертите. Таа треба да биде подготвена до август 2021 година.

-Кандидатите за градоначалници треба да ги прифатат основните идејни и програмски определби на Демократскиот сојуз, како и да соработуваат со носителот на советничката листа и останатите кандидати за советници и да ги поддржуваат во изборната кампања, посочи Димитровски.

Според условите на јавниот повик, кандидатите треба да имаат завршено високо образование, да поседуваат високи морални и професионални квалитети, да се почитувани во средината каде што живеат и работат.

-Да се со силен интегритет и отпорни на коруптивни влијанија, да поседуваат вештини, да можат да мотивираат и поттикнуваат на акција и работа. Да ги познаваат проблемите во општината и потребите на граѓаните. Да ги прифатат основните идејни и програмски определби на Демократскиот сојуз. Да соработуваат со носителот на советничката листа и останатите кандидати за советници, и истата да ја поддржат во изборната кампања, истакна Димитровски.

Програмата треба да почнат да ја подготвуваат од денот на прифаќање на кандидатурата и истата треба да биде подготвена најдоцна до крајот на август 2021 година.

Поврзани вести

Германската амбасадорка Холштајн за СП: За Германија е незамисливо за Албанија да каже да, а С. Македонија да ја остави

Слободен печат

ЦИВИЛ: Бришењето зборови од Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку ќе го засилат

Слободен печат

Денеска се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар