Демократски сојуз: Само со железна дисциплина можеме да се заштитиме себеси и останатите

павле трајанов
Павле Трајанов / Фото: МИА

Поради зголемениот број на инфицирани од вирусот Ковид 19, Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да инсистираат кај сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и да го спречат ширењето на Корона вирусот Ковид 19.

-Исто така, респектирајќи ја самостојноста на верските заедници и правото на верска определба на граѓаните, апелираме до верските заедници, да се вклучат со свои активности околу спречување на ширење на вирусот. Само со железна дисциплина во почитување на мерките на социјална дистанца (носење на маски, држење на дистанца, миење на рацете и сл.), можеме да се заштитиме себеси и останатите и ќе придонесеме да се елиминира инфекцијата и намалат рестриктивните мерки. Инаку, повторно воведување на полициски час, карантин и друг вид на ригорозни рестриктивни мерки, без граѓанска дисциплина, само ќе ги засилат негативните ефекти врз нормалното одвивање на животот и економијата- стои во соопштението на Демократски сојуз.

Демократскиот сојуз укажува и на потребата од мобилизација на сите државни институции во превентивното дејствување во сузбивањето на пандемијата и намалување на негативните ефекти во сите области.

Полицијата и целокупниот систем за безбедност да дејствуваат многу поефикасно и ефективно, порачуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот