Демократски сојуз: Нападите против новинарите не се својствени за демократско општество

????????????????????????????????????

Демократскиот сојуз ги осудува последните закани и напади против физичкиот интегритет на новинарите Љупчо Златев од Економски Лидер и Мирослава Бурнс од „Слободен печат“ и ги повикува надлежните органи да ги откријат напаѓачите и жестоко да ги казнат.

-Брзото откривање на сторителите е од највисок интерес зашто во двата случаи е јасно дека станува збор за загрозување на слободата на печатот и обид за замолчување на истражувачките новинари кои откриваат злоупотреби на функционерите на власта, корупција и организиран криминал. Нападите против новинарите не се својствени за демократско општество и за држава која треба да ги отпочне преговорите за членство во Европската унија поради што ги повикуваме политичките елити од власта и опозицијата да престанат со сатанизирачкиот политички вокабулар кој за радикалните поединци и недопирливи структури од подземјето е сигнал за физичка пресметка со неистомислениците- стои во соопштението од Демократски сојуз.

Остра осуда за заканите кон новинарката Мирослава Бурнс

Демократскиот сојуз го поддржува ЗНМ во барањето законски измени нападот врз новинари да се смета како напад врз службено лице и соодветно ригорозно да се казнува.

Истовремено потсетуваме дека ДС во својата програма предвидува Фонд за проверка на фактите и истражувачко новинарство од 1,5 милиони евра од буџетот годишно кои ќе бидат наменети за борба против лажните вести и за откривање највисоки облици на криминал и корупција кај функцуонерите. Слободата на печатот и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество и очекуваме лошата слика и пракса во Македонија веќе да не се повторува.

Златев го обвинува Мијалков за нападот: За да ме замолчите, ќе мора да ме убиете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот