Демократски сојуз: Македонскиот народ има длабоки корења

Павле Трајанов, лидер на ДС/Фото: Демократски сојуз

Демократскиот сојуз ги отфрла како несериозни и аматерски предлозите за решавање на спорот со Бугарија изнесени од поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски.

Зачудувачка е леснотијата со која Георгиевски лицитира со основните атрибути на македонскиот национален идентитет и се обидува да ги претстави како конструктивно решение во полза на двете страни.

Предлозите на Георгиевски, особено за настанокот на македонскиот јазик, се порадикални и подеструктивни дури и од предлозите на најзакоравените бугарски националисти.

Не е случајно што тие едногласно му честитаат на предлозите и му даваат безрезервна поддршка, зашто според нивниот тон и содржина, Георгиевски настапува како советник на бугарската влада.

Демократскиот сојуз смета дека во еден сериозен спор во кој се релативизираат и негираат основните идентитетски параметри на македонскиот народ, не смее да им се дава гласност на шарлатански предлози,  каков што е последниот од некогашниот премиер Љубчо Георгиевски.

Со Бугарија немаме заедничка историја, ниту пак основа да славиме заеднички датуми и личности. Корените на Македонскиот народ се длабоки и на никој нема да му дозволиме да ги сосече.“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: 5 политичко-дипломатски предлози како да се подобрат македонско – бугарските односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот