Демократски сојуз: Идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра

Павле Трајанов, лидер на ДС/Фото: Демократски сојуз

Во контекст на нон-пејперот на словенечкиот премиер, Демократскиот сојуз смета дека идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра со потенцијал да предизвика силни реакции, тектонски пореметувања и дестабилизација на целиот регион.

На сите им е јасно дека ревидирање на меѓудржавните граници на мирен начин е невозможна мисија и наместо балканските држави да се поддржат кон европскиот пат, во суштина се заговара “топовска завршница” во замислената балканска партија шах.

Македонија  мора да биде крајно внимателна и активна во одбраната на мирот и евроатлантските перспективи на Балканските држави.  Концептите за некаков конечен распад на Југославија претставуваат промоција на нови поделби на Западен Балкан и вовед во создавањето големи држави, кои во минатото беа платени со стотици илјади човечки животи, огромни разорувања и економски колапс.

Балканските држави имаат историска шанса да бидат дел од големото семејство на европските народи и од нив зависи дали таквата можност ќе ја искористат или ќе ги прифатат налудничавите големодржавни идеи кои значат меѓусебно истребување, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот