Дeмoкратски сојуз: Да се истражи случајот со коронавирус во Велес

Павле Трајанов

Случајот во Велес каде починаа мајка и син (наводно пред три месеци), при што покасно е утврдено дека кај мајката има Корона вирус, создаде доста конфузија, неконзистентни изјави и лажни вести, вклучително и веста дека Корона вирусот Ковид-19 во Македонија бил присутен уште во Декември 2019 година и слични шпекулации, соопштуваат од Демократскиот Сојуз.

Оваа партија предлага овој случај до крај да се истражи и откако ќе се расчистат и утврдат сите елементи, да се информира јавноста, а тие што лекомислено даваат непроверени информации да понесат одговорност.

Инаку правовремени и вистинити информации се клучни за градење доверба кон државните институции и здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот