Демократски сојуз: Бугари во Уставот само ако Македонците се внесат во бугарскиот устав

Фото: Демократски сојуз

Демократски сојуз денеска соопшти дека Централниот совет на партијата расправал за актуелните политички состојби во земјата, при што оценил дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата, велат од партијата, која неодамна ја напушти владејачката коалиција.

„Инаку, од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, се вели во соопштението од ДС.

Партијата информира и дека за нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која во исто време е избрана и за претседателка на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот