Демократската партија го осуди опасниот пропагандистички напад на НИН

Демократската партија (ДС) денеска најостро го осуди „лепењето на целосно измислената и монструозна насловна страница на неделникот НИН во Нови Сад”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Можеби тоа е најстрашниот гест во историјата на која било влада, во кампањата против еден медиум, без разлика кој стои зад оваа акција, се наведува во соопштението на ДС.

Како што се истакнува оттаму, особено е одвратно што во контекст на една од најпрестижните книжевни награди во Србија и со фотографија на главниот и одговорен уредник на НИН, се става убиецот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

-Не е излишно да ги потсетиме сите што се обидуваат да ја релативизираат ситуацијата во Србија во врска со медиумските слободи, дека ситуацијата е полоша не од ден на ден, туку од час во час, оценија од ДС.

Непотребно е да се зборува за тоа колку е опасен овој ноќен пропаганден акт и колку е опасно да се црта цел на челото на Милан Чулибрк, на сите новинари на НИН и на оние што се осмелуваат да го кренат својот глас против сегашниот режим.

Според ДС, јасно е дека синоќешното лепење на Нови Сад е поради насловната страница на претходниот број на НИН, како и обид да се замолчи аферата „Крушик”, што НИН перманетно ја разоткрива за еден од најголемите корупциски скандали во Србија.

ДС инсистира, практиката на лепење селојтепи на устата на оние кои поинаку мислат и цртањето цели на нивните чела, од страна на режимските медиумски машини, веднаш да престане.

Се повикуваат Меѓународните организации итно да го искористат своето влијание и да го спречат понатамошно задушување на слободата на говорот во Србија.

Во поширокиот центар на Нови Сад, денеска на дрвјата беа излепени плакати кои ја претставуваат монтираната насловна страница на неделникот НИН, со насловот „На Звездан Јовановиќ свечено му е врачена наградата на НИН”.

На насловната страница има голема фотографија на поранешниот член на распуштената Единица за специјални операции Звездан Јовановиќ, кој е осуден на 40 години затвор заради атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, како и мала фотографија на која преку фотомонтажа се прикажува како главниот уредник на НИН, Милан Чулибрик ја доделува таа награда.

На работ на плакатот пишува „Оваа слика е фотомонтажа и служи како пародија на реалниот живот”.

Плакатите беа забележани во поширокиот центар на Нови Сад.

Новиот број на НИН излезе и оваа недела без насловна фотографија на бела површина и со наслов, во кој се најавува текстот кој се занимава со аферата Крушик, односно врските на таткото на српскиот министер на полицијата, Небојша Стефановиќ, со злоупотребите во таа фабрика за оружје во Ваљево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот