„Демнејќи го Годо“ во Театар Комедија

Вчера на ден 18. 09 2023 година НУ Театар Комедија Скопје ја одржа првата проба на претставата „Демнејќи го Годо“ од авторот Драго Јанчар, лауреат на годинешниот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.
На првата проба присуствуваше авторот Драго Јанчар и Неговата Екселенција Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија Грегор Прескер кој изрази волја за продолжување на досегашната соработка со НУ Театар Комедија.
Претставата ќе биде реализирана во копродукција со НУ Турски Театар и ова е прва копродукција меѓу двете театарски куќи, а како круна на успешната соработка во изминатите десет години.
Режија: Сибел Абдиу
Сценограф: Љуљзим Бејтула
Костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
Играат: Жаклина Стевковска Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим, Џенап Самет
