ДЕМНЕ ОПАСНА ИНФЕКЦИЈА: Зошто на бебињата не треба да им се дава мед?

мед

Најчестото верување е дека медот во исхраната на бебињата се воведува доцна поради опасноста од алергии.

Иако медот е силен алерген, причината зошто не се препорачува во исхраната на бебињата е многу повеќе од тоа. Медот може да предизвика ботулизам, кој е опасна инфекција во цревниот тракт.

Медот е извор на спори кои може да ја создадат бактеријата Clostridium botulinum. Дигестивниот систем на бебињата е преслаб за да може да ја исфрли оваа бактерија, па таа може да остане во неговото тело и да предизвика низа нарушувања.

За среќа, многу бебиња успешно можат да се изборат со неа, но постојат и случаи кога оставила трајни последици, па дури и резултирала со смрт.

Најчести знаци на ботулизам се постојан запек, изостанување на рефлекси, мускулна слабост, изразена поспаност, отежнато дишење…

Поради тоа, медот се воведува најрано по првата година, а може и подоцна. Младите родители треба внимателно да ги следат упатствата на својот педијатар и ништо да не воведуваат на своја рака, за да не го доведат во опасност животот на своето бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот