Деми Мур и во шестата деценија им парира на своите дупло помлади колешки: Актерката во провокативно издание за кампањата на Ријана! (ВИДЕО)

Фото: EPA / Justin Lane

Прекрасната Деми Мур (57) беше еден од моделите што носат нови парчиња од новата колекција на Ријана „Savage x Fenty Vol. 2“.

Деми изгледаше одлично, а многумина прокоментираа дека изгледа подобро дури и од нејзините помлади колешки.

Актерката носеше заводлива црна деколтирана чипка, а изгледот беше надополнет од накит околу вратот и нејзината совршено стилизирана коса.

View this post on Instagram

#SavageNotSorry ?

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Дел од шоуто беа и Ирина Шајк, Лизо, Парис Хилтон и Бела Хадид.

Девојките носеа провокативна облека со која ги истакнаа своите атрибути, а згодната Деми Мур изгледаше совршено покрај своите помлади колешки.

Потсетуваме, Ријана започна со својот бренд за долна облека во 2017 година и започна да ги поместува границите во модната индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот