Деми Мур демонстрираше како се носи најефектното парче облека сезонава

Profimedia

Со едноставен стајлинг се постигнува впечатливост во еден потег. Тоа го докажа Деми Мур (56) на свечениот настан во Лос Анџелес, кој го одржа женскиот рехабилитационен центар „Peggy Albrecht Friendly House“. Глумицата јавно ја поддржа оваа установа, а за овој настан одбра едноставна, но многу ефектна креација.

Profimedia

Станува збор за комбинезон од тексас во темно сина боја, со мошне интересни детали како на пример подолгите, но сечени ракави, кои на моделот му дадоа елегантен изглед, но и самиот крој кој ѝ ги нагласуваше фигурата и деколтето на суптилен начин.

Profimedia

Деми стајлингот го надополни со детали во бела боја – рачен часовник, потпетици и ташна на Џузепе Заноти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот