Демерџиев пристигна во Скопје, се очекува средба на двете делегации од МВР

Средба на Оливер Спасовски и Иван Демерџиев/ Фото: Фејсбук

Во земјава пристигна бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Министерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил информираше дека ќе остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи официјална средба на двете делегации од МВР.

Посетата на бугарскиот министер, Демерџиев е по повод 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев и активностите што треба да се преземат.

Посетата на министерот беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот