Дембеле остро и возврати на Барселона: Четири години слушам само лаги

Осман Дембеле сака да потпише нов договор со Барселона/ фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Тензиите на релација Барселона – Осман Дембеле се заострија во последните неколку дена и по бурната реакција на челниците на каталонскиот тим, денеска остро реагираше фудбалерот.

Дембеле преку соопштение го изнесе својот став за целата ситуација со Барселона и неговото потпишување или непотпишување на договорот.

Тој пишува дека клубот четири години зборува во негово име и притоа изнесува лаги само за да го повредат. Додека траеше сагата околу преговорите за нов договор, Дембеле не даваше изјави за медиумите и во соопштението на крајот сам си го поставува прашањето дали тоа евентуално беше грешка.

„Сигурно. И понатаму сум под договор и им стојам на располагање на клубот и на тренерот. Секогаш сум давал се од себе и на тренинзите и на натпреварите и тоа нема да се промени. Не сум човек кој лаже и мами. Како што знаете постојат преговори. Ќе го пуштам мојот агент да го заврши тоа бидејќи тоа е и негова задача. Мојата се топката и теренот, да играм фудбал и да ги делам среќните моменти со соиграчите“, пишува меѓу другото Дембеле.

Бидејќи пропадна поседната рунда преговори за нов договор, спортскиот директор на Барселона, Матие Алемани изјави дека Дембеле веднаш мора да го напушти клубот.
– Очигледно е дека не сака да продолжи да игра за Барселона, како и дека не сака да се приклучи на нашиот иден проект. Му рековме на него и на неговите агенти дека мора веднаш да си замине – изјави Алемани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот