Дембеле ќе си оди од Барселона и ќе стане дел од најмоќниот квартет во фудбалот?!

фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Осман Дембеле сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но во актуелниот негов тим Барселона, стравуваат дека францускиот репрезентативец веќе одлучил да си замине од „Камп Ноу“ и да се пресели во ПСЖ.

Иако пред два дена претседателот на Барселона, Жоан Лапорта му упати јавен апел на Дембеле да седне на преговори за нов договор, одговор сè уште нема одговор на понудата.

Наводно, иако Дембеле е импресиониран од тренерот Чави Ернандез, неговиот агент Муса Сисоко има големо влијание врз францускиот фудбалер и го блокира неговото останување на „Камп Ноу“.

Причината за тоа е ПСЖ кој му нуди договор на Дембеле и можност да биде дел од најмоќниот квартет во фудбалот. Управата на ПСЖ го планира Дембеле како замена за Анхел ди Марија кој си заминува на крајот од сезоната. Желбата на претседателот Насер Ал-Келаифи е идната сезона во нападот да играат Лионел Меси, Нејмар, Дембеле и Килијан Мбапе на кого му е понуден двегодишен договор вреден неверојатни 200 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот