Дембеле го одби Манчестер јунајтед

твитер

Французинот е убеден дека ќе успее да ги увери челниците на Барселона дека не е промашување.

Ушравата на Барселона на Барселона на секој начин се обидува да го продаде Осман Дембеле додека самиот фудбалер кој се опоравува од повредата сака на остане на „Камп Ноу“ и да докаже дека заслужува да го носи дресот на каталонскиот тим.

Поради тоа, Дембеле како што пишува „Мундо Депортиво“ го одбил Манчестер јунајтед бидејќи не верува во нивниот проект.
Според ЕСПН, Манчестер јунајтед ја контактирал Барселона за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец, но работата, тие во него ја гледаат поевтината опција од Џејдон Санчо за кого Борусија Дортмунд бара 120 милиони евра.

Но, Дембеле категорично одбил да се пресели на „Олд трафорд“ бидејќи не верува во проектот на менаџерот Оле Гунар Солскјер, но и поради желбата да остане во Барселона и да покаже дека не е промашување.

Дембеле во Барселона пристигна од Борусија Дортмунд во 2017 година за 105 милиони евра плус 40 милиони евра во бонуси, а интересно е бидејќи досега не се исполнети сите ставки од договорот за бонусите, каталонците на германскиот тим ќе мора да му исплатат 20 милиони евра од наредниот трансфер на Дембеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот