Дембеле „аут“ шест месеци, Барса има право да купи замена!

фото: твитер

Се шпекулира дека Вилијан Хозе од Реал Сосиедад е избран од страна на Кике Сетиен и тој би требало да ја пополни „празнината“ во нападот оваа сезона.

Каталонскиот клуб со официјално соопштение дека Усман Дембеле денеска беше успешно опериран во Финска и ќе паузира шест месеци.

Иако првично се шпекулираше дека четири или пет месеци ќе биде надвор од терените, повредата е сериозна и на фудбалот се очекува да се врати во август.

Веќе е завршен зимскиот преоден рок, но според правилникот на фудбалската федерација во Шпанија, откако лекарските извештаи ќе потврдат минимум пет месеци отсуство, клубот, во овој случај Барселона има точно 15 дена да доведе замена за Дембеле, но и да го регистрира само за настапи во „Ла Лига“.

Опцијата е само купување на домашниот пазар, односно во Шпанија, а според каталонската телевизија „ТВ3“ се шпекулира дека Вилијан Хозе од Реал Сосиедад е избран од страна на Кике Сетиен и тој би требало да ја пополни „празнината“ во нападот оваа сезона.

Неговата откупна клаузула е дури 70 милиони евра, па останува во наредните две недели да видиме за каков потег ќе се одлучат на „Камп Ноу“.

Потсетување дека Луис Суарез е исто така надвор од составот до мај поради повреда на колено, па Сетиен моментно ги има на располагање само Лионел Меси, Антоан Гризман и 17-годишниот Ансу Фати во офанзивниот дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот