Демаркус Казнс е најмалерозниот кошаркар во НБА

Лос Анџелес лејкерс иако не успеа да го улови „капиталецот“ Каваи Ленард во летниот преоден рок, како замена го ангажираше ол стар центарот Демаркус Казнс. „Езерцата“ потпишаа едногодишен договор со Казнс вреден 3.5 милиони евра но се чини дека центарот нема да одигра ниту една минута за новиот тим и сезоната за него заврши уште пред да започне.

Имено, за време на индивидуалните подготовки во Лас Вегас, Казнс ги повреди врстените лигаменти на коленото, повреда која бара итна операција и рехабилитација која трае најмалку седум месеци .

Ова е втора тешка повреда за Казнс во последните две години, откако претходно ја повреди Ахиловата тетива, и тоа се двете најтешки повреди за еден спортист.

– Ова се пеколни години за Демаркус. Се надевав дека конечно ќе биде здрав и подготвен за настап. Повредите се составен дел од спортот, но тука зборуваме за човек кој мора да се бори со двете најтешки повреди за еден кошаркар, Ахиловата тетива и предните вкрстени лигаменти на коленото и тоа во последните две-три години. Ова е тежок удар не само за него туку и за лејкерси – шокиран е Стив Кер, тренерот кој минатата година го тренираше Казнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот