Демант од УЕФА: Нема кратење на квалификациите за ЛШ

Европскара фудбалска федерација ги демантира информациите дека за натпреварувањата под нејзина капа за следната сезона ќе се игра само едно квалификациско коло.

Оваа информација се појави во текот на вчерашниот ден и ја пласира влијателниот англиски „Тајмс“, кој пишува дека наводно една од идеите е во квалификациите за Лигата на шампионите да се игра по еден натпревар од плејофот и тоа на неутрален терен.

Денеска реагираше УЕФА со соопштение во кое објави дека тоа не е вистина.

„УЕФА никогаш не разгледувала на шампионите во националните првенства да им ја ускрати можност да се квалификуваат за настап во Лигата на шампионите на терен. УЕФА сака да појасни дека моменто со големо внимание ја следи состојбата. До денеска никакви опциии не се разгедувани, а кои се однесуваат на промена на форматот на квалификациите за европските клупски натпреварувања“, стои во соопштението на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот