Демант од семејството Мијалкови: Не сме во роднинска врска со Миленкоски

Сашо Мијалков во судница/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Семејството Мијалкови, по објавената информација на „Слободен печат“ дека уапсениот македонски дипломат во Србија Миле Миленкоски е во роднинска врска со Сашо Мијалков, испрати демант кој го објавуваме во целост:

Најостро ги демантираме лагите објавени во “Слободен печат” дека приведениот македонски дипомат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленковски наводно бил роднина на Сашо Мијалков.

Приведениот Младеновски не е во никакво сродство со семејството Мијалкови, ниту пак сме чуле за тој човек. Доколку Сашо Мијалков имал таков роднина сигурно некогаш ќе го споменел или ќе сме го виделе, но ниту некогаш го спомнал тој човек, ниту сме го виделе.

Изворите кои ги крие “Слободен печат” го измамиле новинарот и медиумот и ги довеле во заблуда надевајќи се дека информацијата ќе биде објавена непрофесионално, без да се провери нејзината точност.

Се сомневаме дека изворите имаат скриена намера да го тргнат вниманието од себе и сопствената одговорност, инволвирајќи го без никаков аргумент името на Сашо Мијалков.

Со ваквиот начин на известување ни се нанесува штета на нашиот углед и угледот на Сашо Мијалков и бараме овој демант да биде објавен во целост од страна на “Слободен печат” и медиумите кои го преземаа невостинитиот текст.

Доколку тоа не биде сторено, ќе бидеме принудени правдата да ја бараме пред институциите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот