Демант од ПФСМ на написот „Условна казна затвор за Маленко“!

пливање зимско првенство
фото: Национална пливачка федерација

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Основниот кривичен суд Скопје му изрече три месеци условна казна затвор на Александар Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката федерација на Македонија.

Денеска е испратен демант од ПФСМ и претседател на напис „Условна казна затвор за Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката федерација“.

– Најостро го демантираме написот (03.12.2020) кој се базира на груби невистини, лаги и клевети кон нашиот претседател- Александар Маленко и нас-Пливачка Федерација на Северна Македонија, како единствена легална институција надлежна во нашата држава и нејзин единствен признат репрезент во светот.

Во прилог на нашиот демант ви доставуваме и усвоен приговор (со комплетна документација, писмени докази, како и листа на сведоци и носители на државни функции надлежни за овој спор) од страна на надлежен суд и судија кој е во целост прифатен, а со тоа пресудата е укината.

Предметот е вратен во првобитна постапка со главна расправа закажана уредно од страна на судот на 5.02.2021 со почетокот во 9:30, при надлежен суд во судница 8.

Основно правило на новинарството е проверка на факти и информации наменети за јавноста за вистината во секоја ситуација и лесно може да се прекрши. Поради тоа искрено посакуваме и се надеваме на ваша објава во целост на овој демант, во тек на денешниот ден – стои во Демантот од ПФСМ, Претседател на Пливачка Федерација на Северна Македонија, Александар Маленко.

Маленко фалсификувал исправа, Судот му додели условна казна од три месеци затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот