Демант на МВР: Локалните избори се целосно слободни и демократски

Избори во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите на ВМРО-ДПМНЕ за работењето на полицијата, посочувајќи дека локалните избори се целосно слободни и демократски.

– ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата. Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму.

МВР како што се наведува во соопштението, апелира ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја в недела, на вториот круг од локалните избори.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, претходно на прес-конференција изјави дека добиле информации според кои, како што наведе Стоилковски, за вршење поткуп во Крива Паланка. Натаму, според Стоилковски добиле информации и за злоупотреби на Единицата за специјални задачи во МВР, при што, како што наведе тој, дел од специјалците вчеравечер во цивилна облека и со необележани возила на МВР биле испратени во Кочани, Охрид и во Битола за да учествуваат врз поткуп на населението.

Извор: МИА

Видео на денот