Делта плус сојот пристигна и во Австрија: Потврдени случаи од најновата варијанта на ковид, која се шири со поголема брзина

epa-efe
Се уште е непознато колку овој нов сој на Делта варијантата е поопасен од претходниот основен Делта тип на вирусот / Фото: EPA

Австрија потврди дека е регистрирано драматично зголемување на бројот на новозаразени со варијантата на коронавирусот AY.4.2, која е повеќе заразна од видот Делта.

Бројот на новозаразени со коронавирус во Австрија се зголеми во последните денови, а според тамошните медицински експерти состојбата е загрижувачка и не се гледа скорешно подобрување. Само последните два дена во Австрија се регистрирани 7.400 новозаразени лица.

Profimedia

Епидемиолозите и вирусолозите истакнуваат дека новата варијанта се разликува од претходните соеви на Делта со две мутации на Спајк протеинот – Y145H и A222, што ја прави значително позаразна. Сепак, засега се утврдува колку овој нов сој на Делта е поопасен од претходниот основен Делта тип вирус.

– Во последните недели во Австрија се регистрирани повеќе од 30 случаи на инфекција со новиот вид делта коронавирус. Тој е 10 до 15 проценти позаразен од видот делта – потврдија експерти од виенскиот Институт за молекуларна биологија.

Како што се посочува, новиот поттип делта вирус „Делта плус“ брзо се шири и во другите делови на Европа, особено во нејзиниот континентален дел, каде што веќе се евидентирани околу 1.000 случаи на заболени.

Медицински лица / Фото: EPA-EFE/

И Германија потврди дека вирусот Делта плус е идентификуван кај 293 пациенти на нејзина територија, а се верува дека најголем број на заразени од новиот сој на Делта има во Британија каде што според проценките може да има до 20.000 новозаразени.

Покрај Австрија, Британија и Германија, новиот Делта вирус досега е регистриран и во Русија и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот