Деловната страна на Коби Брајант: Го пренесе „мамба менталитетот“ и во бизнисот - Слободен печат

Деловната страна на Коби Брајант: Го пренесе „мамба менталитетот“ и во бизнисот

Иако беше претежно познат по тоа што го правеше на паркетот, по неговата волја и истрајност во тренининзите и победите, во последните години тој се посвети на инвестирањето и развој на сопствената деловна империја.

Со страст и челична волја, со каква пристапуваше на секој тренинг и натпревар, Коби се приклучи и во бизнисот.

Коби Брајант беше многу повеќе од американска кошаркарска ѕвезда, тој беше глобална икона и многумина токму поради него „фатија“ топка во рака, а голем дел од денешните играчи во НБА лигата пораснаа гледајќи токму во него. Но, иако беше претежно познат по тоа што го правеше на паркетот, по неговата волја и истрајност во тренининзите и победите, во последните години тој се посвети на инвестирањето и развој на сопствената деловна империја.

Коби се разликуваше од другите

За разлика од многу спортисти кои пристапуваат кон кариерите прилично површно, Коби го пренесе својот „мамба менталитет“ во бизнисот, за што сведочат и луѓето со кои соработувал.

Откако по незаборавниот натпревар против Јута Џез во 2016 година се збогуваше со кошаркарска кариера (на свој начин – постигнувајќи 60 поени), тој се посвети на фондот за вложување капитал со инвеститорот Џеф Стибел, чија вредност денес се проценува на околу 2 милијарди долари. Тој исто така инвестираше во спортскиот пијалок „Body Armor“, што исто така се покажа како одличен потег, бидејќи после тоа Коби инвестираше и во „Кока-кола“.

Прочитајте и...  Гасоводот од Грција во земјава ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Колкава била неговата посветеност на бизнисот, опишува претприемачот Крис Сака – неколку години пред да го покрене фондот, Брајант го контактирал и побарал состанок со него, на кој сакал да зборува за бизнис и инвестирање. Сака бил скептичен, бидејќи, како што рекол во едно интервју за медиумите пред неколку години, тој веќе работел со спортисти кои барале начини да го прошират своето богатство и барале деловни предизвици со кои ќе се занимаваат откако ќе им стават крај на своите кариери, но повеќето од нив кон бизнисот пристапувале „туристички“.

Коби бил поинаков. Сака го советувал кои деловни книги да чита, кои видеа записи да ги гледа, па му кажал дека потоа ќе разговара со него.

Прочитајте и...  Хрватска и Австрија ќе донираат по еден милион, Грција 2,5 милони евра

Уникатна личност

Мислел дека на тој начин ќе се ослободи од состанокот, бидејќи не верувал дека постои начин Коби да го проучи целиот материјал, но во следните месеци неговиот телефон ѕвонел дење и ноќе. Коби постојано го повикувал, понекогаш во 2 или 3 часот наутро, за да разговара за написите што ги прочитал и за видеата што ги гледал.

И во тој поглед, Коби ја применил истата работна етика и посветеност на учењето за бизнисот и стартапите, исто како што покажувал на тренинзите и натпреварите. Бев фасциниран од тоа, признал Сака и ја пофали уникатната личност на Коби, каква што гледал само кај најдобрите претприемачи.

Познати се и неговите односи со Опра Винфри, извршниот директор на Најк, Марк Паркер и шефот на „Епл“, Тим Кук, со кого имал знаел да комуницира, со цел да научи повеќе за бизнисот и успехот, а токму овие три лица имаа  најголемо влијание врз него и неговата деловна империја.

Прочитајте и...  Оваа зима има најголем број на мигранти во Србија од 2016 година

Во интервју за CNBC во 2016 година, Коби рече дека често знаел да им се јавува на успешни луѓе и да им поставува многу прашања: „Што прочитавте? Што научивте? Како научивте?” Една од работите што ги научи од шефот на „Епл“, е дека сите луѓе прават грешки и дека и покрај нив, треба да се оди понатаму и да се обиде да се поправат и да се решат.

Како и во кошаркарскиот свет, Коби имаше одлична кариера пред него во деловниот свет по неговото пензионирање, пишува „Бизнис инсајдер“ во 2016 година, но за жал, животот на легендарниот кошаркар трагично и предвреме заврши вчера.

Влијанието што го има Коби врз милиони луѓе ширум светот никогаш нема да избледи, а за многумина тој ќе биде вечна инспирација, личност која секогаш даваше 100 отсто во сè што правеше, кој имаше страст кон играта и животот и личност со менталитет на вечен победник.

Прочитај повеќе

Меѓугенерациска дружба во новиот пензионерски дом во Нерези

Слободен печат

Стаменковска-Стојковски побара оставка од директорката на Централен регистар

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ до 10 март ќе ги објави кандидатските листи за изборите

Слободен печат

Мицкоски: Се знае кој е главниот организатор, инспиратор, сценарист на целиот случај „Рекет“

Слободен печат

Сведочења на евакуираните Срби од Кина: Вухан навистина е град на духови, во Шангај ситуацијата не е толку драстична

Слободен печат

Спасовски-Сасоли: Успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон отпочнување на преговори за членство во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

петнаесет − 4 =

Прочитај повеќе

За седум дена истекува Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони

Слободен печат

Заев: Со донесувањето на законот за ЈО покажавме дека државата ни е пред сѐ

Слободен печат

Мета е подготвен на секакво сценарио: „Никој не може да ме разреши пред да ми заврши мандатот“

МИА Агенција

Зоран Милановиќ и официјално е петтиот претседател на Хрватска (ВИДЕО)

МИА Агенција

Чулев: Има индиции дека Спасовски ја злоупотребил службената положба со јавна набавка на 3.000 пара чизми (ВИДЕО)

Слободен печат

Борбата против даночните измами во Франција донела девет милијарди евра во буџетот

МИА Агенција