Делови од телото на кои се гледаат првите знаци на стареење!

unsplash

Првите знаци на стареење се појавуваат во дваесететите години, кога околу нашите очи почнуваат да се формираат брчки. Повеќето луѓе се фокусираат на нега на лицето во обид што подолго да го задржат младешкиот изглед. Но, постојат и други делови од телото покрај лицето, кои може да откријат колку години имаме.

Постојат знаци на телото, од глава до пети, кои ги откриваат вашите години, а еве само неколку од нив кои треба да ги земете предвид.

Лактови

Кога старееме, кожата околу лакотот се збрчкува и се опушта. Постојат низа причини поради кои мазната кожа може да стане сува и рапава. На пример, константното триење од облеката ќе допринесе за сувост на кожата и со тек на време ќе ја опушти. Воедно, секое драстично губење на килограми исто така може да ја олабави кожата на вашиот лакт.

Раце

Рацете се едни од првите делови на телото кои покажуваат знаци на стареење. Како што старее кожата, таа губи колаген и потешко ја задржува влагата. Тоа може да предизвика кожата на рацете да стане сува.

unsplash

Нокти

Ноктите се параметар на целокупното здравје и ја детектираат секоја промена која се случуваво вашето тело. Како што старееме, така и растењето на ноктите се забавува, а исто така се може да станат и склони на кршење.

unsplash

Врат

Еден од најчестите знаци на стареење кај вратот е појавата на вертикални мускулни линии. Уште еден знак дека кожата на вратот старее се кафеавите точки. Тие може да се појават како резултат од сончање, генетски фактори или од други здравствени проблеми.

Деколте

Длабокото деколте ја изложува кожата на градите на надворешни фактори. Можеби ви се појавиле пеги додека сте биле млади, но тие веројатно станале потемни и поголеми со текот на времето. Уште еден знак за стареење е кожата на градниот кош. Таму се појавува црвенило и проширени крвни садови. Најчесто причина за тоа се УВ зраците.

unsplash

Усни

Слично како кожата на очите и усните се прилично нежен дел од нашето тело. И на усните може да се појават брчки, а некои лоши навики како што е пушењето, може дополнително да придонесат за појавување на тенки линии околу устата. Дехидрираните усни се исто така склони на распукување, а понекогаш може и да ја изгубат природната боја.

Коса

Со текот на годините, нашата коса не само што ја губи бојата, туку и волуменот. Кога старееме протокот на крв се намалува, косата добива помалку кислород и витамини потребни за раст. Како резултат, влакното почнува да ја губи дебелината.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот