Делови од телото кои никогаш не треба да ги тетовирате – и зошто

Мотиви изложени на кукла на фестивал за тетоважи во Берлин/Фото: EPA-EFE/MARKUS HEINE

Колку и да сте љубител на тату – уметноста и тетоважите, подобро е да оставите некои делови од телото „недопрени“. Тетовирањето е тренд чија популарност не опаѓа, туку напротив се повеќе расте. Истражувањата покажуваат дека околу 43% од луѓето прават тетоважи со симболика кон своите сакани , а за 37% од нив тие се „стилски додаток“ во форма на мотиви што ги сакаат или некои цитати.

Колку и да е популарно и безбедно тетовирањето, има места каде што никогаш не треба да се прават тетоважи.

Лактите

Експертите не препорачуваат тетоважи на лактите бидејќи мастилото е тешко да се задржи бидејќи кожата на лактите е подебела така што ќе треба многу повеќе поминување со тату – игла со мастило. Исто така, ако лактите ви се природно суви постои голема можност тетоважата брзо да исчезне.

Фото:Пиксабај

Под пазувите

Пазувите се веројатно најлошите места за тетоважа поради чувствителноста, па тетоважата веројатно би била неподносливо болна.

Фото: Инстаграм

Колена и зад колената

Кожата на коленото, како и онаа зад коленото е исто така многу чувствителна и има многу нервни завршетоци, па затоа процесот на тетовирање би бил болен и непријатен.

Фото: Инстаграм

Прсти и дланки

Многу популарни места за тетоважи, но експертите велат дека не е препорачливо да се тетовираат прсти и дланки бидејќи овие места се секогаш директно изложени на сонце, па тетоважата на нив може многу брзо да исчезне. Покрај тоа, тетоважите на страните на прстите често бледнеат и тетоважата за само некој месец ќе изгледа многу лошо..

Фото: Инстаграм

Ребра

Тетоважите на ребрата може да изгледаат одлично, но болката, велат експертите, е многу голема, а процесот на опоравување може да трае долго. Кај жените, заздравувањето може да трае многу подолго поради носењето на градник, кој може и дополнително да ја иритира областа.

Лице

Покрај чувствителната на кожа на лицето и бројните нервни завршетоци, мајсторите за тетоважа велат дека тетоважата на лицето веројатно ќе трае само две до три години поради секојдневното миење на лицето и изложеноста на сонце.

Ако навистина се одлучите да го тетовирате лицето, дефинитивно треба да користите крема со фактор на тетоважата. Исто така, тоа е тетоважа што никогаш не можете да ја скриете – затоа треба добро да размислите дали е соодветна за вас во сите животни ситуации што ве очекуваат.

Фото: Инстаграм

Глуждот и потколеницата

Поради триење кое настанува при носење на  чевли и чорапи, областа на глуждот и долниот дел на ногата не е „благодарна“ за тетовирање бидејќи светлите бои на тетоважата брзо се губат. Исто така, болката е приближно иста како и кај тетоважите на ребрата, пишува Bright Side.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот