Делови од Скопје утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре без електрична енергија утре ќе останат делови од Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, информираат од  „ЕВН Македонија” АД.

Во периодот од 08:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улица „Крчин” во Општина Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Црешево, дел од патот кон село Виниче, ул. „3″ и ул. „4″ во село Црешево односно главната улица на влез во селото во Гази Баба.

Од 06:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улицата „Трајко Иванов”, дел од улиците „Ефтим Спространов”, дел од улица „Димитар Мирасчиев” во Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Црногорска” под улица „2″ во Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот