Делови од Скопје денеска и утре без струја

Работник во ЕВН / Фото: Архива

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска и утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Центар, Чучер Сандево и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане во Општина Сарај.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Македонија” (делот од Рекорд до ресторан Пелистер) во Општина Центар.

Во периодот од од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Побожје и Кучевиште во Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ” непарни броеви од 59 до 71, „Димо Хаџи Димов” непарни броеви од 177 до 181 и „Димо Хаџи Димов” парни броеви 134 од 152, во Општина Кисела Вода

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот