Делови од Сарај, Гази Баба, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште утре ќе бидат без струја

Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Сарај, Гази Баба, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија.

Без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Ласкарци во општина Сарај, од 08:30 до 15 часот дел од корисниците на улиците „Антон Попов”, „Фрушкогорска” и „Христифор Жефаровиќ” во општината Гази Баба, од 9 до 13 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани, а од 9 до 14 часот дел од ул.23 и дел од ул.„Христо Татарчев” во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град во општината Кисела Вода и Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот