Делови од Радишани денеска ќе останат без вода

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улица „Радишанска” и дел од улица „Бутелска” во скопската населба Радишани.

Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради реконструкција на водоводна мрежа ф-200 мм на улица „Радишанска” лево број 223.

Корисниците ќе бидат без вода од 12:20 часот, па се до завршување на активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот