Делови од неколку скопски општини во вторник и среда ќе бидат без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја утре ќе бидат дел од корисниците во населба Илинден, а задутре дел од општините Зелениково и Центар.

Без струја утре од 10:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улица 19 и објектите зад општинската зграда во населба Илинден.

Прекин на електричната енергија задутре од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од село Градовци во Општина Зелениково. Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Востаничка”, „Партениј Зографски”, „Црниче”, „Димитар Беровски”, „Славејко Арсов” и улица „Белградска” во Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот