Делови од неколку скопски општини утре без струја

Далновод енергетика енергетска политика струја
Струја / Фото: МИА

 Без електрична енергија утре од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од село Љубош, на стариот пат за село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот од 9 до 14:30 часот утре без струја ќе биде и дел од Ново Село, улиците „1″, „2″, „4″, „6″, „8″, „10″, „26″, „30″, „32″, „34″, „36″, „100″ и „108″ и Основното училиште „Тихомир Милошевски”. Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Александар Мартуков” од бр. „3″ до „23″ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев” – подулици „14″, „16″ и „18″ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во мрежата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот