Делови од Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Чучер Сандево утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Без електрична енергија утре од 8.30 до 12.30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ бр. 24, 25, 27 и околните станбени објекти во општина Гази Баба.

Во периодот од 9.00 до 15.00 часот утре без струја ќе бидат корисниците на викендиците во село Побожје, а од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците лоцирани кај Четири Воденички во општина Чучер Сандево.

Без струја утре од 10.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулица бр.22 во општина Кисела Вода, а од 10.00 до 15.00 часот дел од корисниците лоцирани по Општина Сопиште, по главниот пат кон селата Горно и Долно Соње.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот