Делови од Гевгелија утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето

Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец,, од Гевгелија соопшти дека во текот на утрешниот ден прекин на водоснабдувањето ќе имаат жителите од североисточниот дел на градот, поради изведба на работи за обнова на водоводната мрежа во тој дел од градот.

Според известувањето во одреден временски период, утре без вода за пиење ќе останат граѓаните кои живеат на улиците ,,Кукушка” и ,,Моински пат” поради неодложните работи за реконструкција на водоводната линија што комуналните екипи ќе ги изведуваат на кракот од улицата ,,Кукушка”.

Екипите на терен ќе излезат во 8 часот, а прекинот, како што соопштија од ,,Комуналец” ќе трае до завршување на изведбените работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот