Делови од Чучер Сандево, Бутел и Аеродром утре ќе останат без струја

Поради планирани технички зафати во електросистемот на Скопје утре од девет до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Брест, Побожје, Малино Маало, Мирковци, Кучевиште, Бродец и Танушевци во општина Чучер Сандево и дел од корисниците од село Љубанци во општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Од девет до 11 часот струја ќе немаат корисниците од дел од булевар 3-та Македонска бригада, делот од МЕТРО кон Железници-Влеча во општина Аеродром, од девет до 15 часот тие од ул. „Славејко Арсов” во општина Центар, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од дел од село Ракотинци во општина Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот